Постојаната грижа околу домот и семејството, одењето на работа ѝ ја одзема енергијата на една жена. Притоа, честопати се случува истата таа да нема слободно време за себе, да води сметка за нејзиното здравје, изглед и тело.
Но, грижата и посветувањето време за себе е многу значајно. Убаво би било да можете да најдете време за вежбање, макар тоа биле и само 10 минути во текот на денот. Еве како можете тоа да го изведете:
Вежби рано наутро. Секој ден станувајте 10 минути порано од вообичаеното и направете неколку истегнувања, склекови, стомачни или некоја кратка сеанса јога. Уште во текот на истиот ден ќе почувствувате како имате повеќе енергија за извршување на секојдневните обврски.
Вежби попладне. Откако ќе се вратите од работа и ќе си го земете детето од градинка, веднаш легнете го да спие барем еден час. Доколку не сте тип кој ги сака утринските часови за вежбање, попладневната дремка на детето можете да ја искористите во Ваша полза.
Вежби на игралиште. Не седете бесцелно на клупата чекајќи го Вашето дете да заврши со играта. Наместо тоа, искористете го времето за вежбање. Ова можете да го практикувате и со другите мајки.
Вежби со Вашето дете. Постојат многу начини како своете дете да го вклучите во Вашата фитнес рутина. На овој начин и него ќе го навикнете на здрав и активен живот уште од рана возраст. Притоа, времето ќе го поминувате заедно.
Шетање. Шетањето, односно одењето секако има свои придобивки. Доколку не се чувствувате денес расположени за вежбање, прошетајте се надвор со семејството.
*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.