Menu Close

Како го добив талентот за живеење

Родан ал Галиди

Две ќебиња и три чаршафи

од Родан Ал Галиди

(Рецензија)

Дури подоцна сфатив дека холанѓаните ги сакаат правилата. И еден криминалец во Холандиј ги почитува правилата повеќе отколку еден адвокат во Ирак!

Ова иако на самиот почеток вели дека не е, всушност е автобиографски роман напишан во прво лице, но авторот решил да се нарече Самир. Самир е ирачки бегалец кој го опишува неговото животно патување низ неколку земји сè до Холандија, каде што се задржал девет долги години во центар за баратели на азил.

Покрај за сопствените искуства, Самир на хумористичен начин не запознава и со многу други корисници на центарот кои преживуваат слична животна судбина како него, во свет каде што бирократијата и хартиите се
поважна од човечката судбина. Петстотини имигранти чекаат да добијат холандска дозвола за престој од Холандската влада а додека не добијат не смеат да работат, не смеат да се образуваат, да не отсуствуваат
на утринска и вечерна прозивка… и така со години… некои умреле таму, некои се родиле… и иако вратите на центарот се секогаш ширум отворени, надворешниот свет е затворен за нив!

О, мислам дека тој што го разбира морето никогаш нема да има потреба од психијатар. Тие бескрајни бранови и хоризонтот во далечината. Морето е единствената видлива вечност на земјата…

Како изгледа животот во прифатилиштата за баратели на азил, на кои се препреки наидуваат, како се однесуваат кон нив, колку години се потребни за нивната борба да заврши и дали воопшто вреди да се бориш.
Сето тоа се прашања на кои авторот на оваа книга ни дава одговори, исполнети со бројни детални описи испреплетени со хумор, но често и со иронија на своја сметка.

Секојдневни стравови од депортација, предрасуди и осуда на сите кои ќе наидат,бавна бирократија, непријателски настроени службеници, сиромаштија, студ, глад, обиди за бегство и враќање на почетокот, смрт на блиски луѓе, потрага по излез и смисла на животот и се се сведува на тоа на крајот дека две ќебиња и три чаршафи се се што имаш во животот, но не се ни тие твои, туку си ги задолжил и си одговорен за нив!

Пред да заминам,во магацинот вратив две ќебиња, три чаршафи, крпа, перница и навлака за перница, а потврдата ја однесов во социјалната служба. Анеке таму ми даде билет за воз и ми посака среќа во животот.

Никогаш не сум размислувала за тоа со што се се соочуваат и како им изгледаат деновите на луѓето што западнале во овие ситуации, но со дознавање за истото, среќна сум што живеам во времето и просторот во во кој живеам , со надеж дека никогаш нема да бидам принудена да се најдам во слична ситуација.

Денеска среќаваме многу странци кои доаѓаат да работат во нашата земја и сите сме скептични и воздржани кон нив а оваа книга нè тера да размислиме за тоа колку навистина им е тешко на тие луѓе кои се оддалечени со милиони километри од својот дом и семејството па колку мора да им било тешко кога животот ги принудил да бараат среќа и излез толку далеку од се?!

Колку тажна толку и топла, со ликови кои не можеш а да не ги засакаш и не можеш да им помогнеш, а нејасно ти е зошто сите други тоа го одбиваат?!

Нарачај ја книгата

https://feniks.net.mk/kako-go-dobiv-talentot

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »