Menu Close

Бибилиотеки за хортикултура, нов тренд на библиотеките

Хортикултура

Хортикултурните библиотеки се нов тренд во библиотечното работење, нов концепт поддржан од интернационалната федерација на библиотеки IFLA/ИФЛА (International Federation of Library Association) и составен дел на Агенда 2030 на Обединетите Нации која промовира програми за развој на т.н. „паметни градови“ посветени на еколошки содржини.

Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола располага со книжен фонд од областа на хортикултура, градинарство, ботаника и други сродни теми и тој фонд постојано се збогатува со нови наслови кои ги зголемуваат компетенции на ова стручно поле, и тоа овозможи оваа национална установа да биде дел на меѓународна регионална мрежа Хортикултурни библиотеки.

„Хортикултурата има долга историја која датира од периодот на Кир Велики во античка Персија. Низ историјата хортикултурните библиотеки се идентификуваат со библиотеки кои се специјализирани за зачувување и собирање литература и материјали за растенијата. Мисијата на многу ботанички и хортикултурни библиотеки е книгите да ги направат достапни за оние што ги користат сознанијата и истражувања на оваа тема, за научници но и обични граѓани кои сакаат да читаат и да користат стручни совети за одгледување растенија, особено цвеќиња. Бројни се библиотеките во светот со богати збирки од областа на литературата, цртежи, хербариуми, но и библиотеки со семиња. Националните библиотеки во одделни држави поседуваат вредни збирки, а посебно значење имаат локалните библиотеки кои се свртени кон заедницата и кои во последниов период, освен литература од областа на ботаниката нудат нови содржини преку активности кои промовираат живеење со хортикултурна нота. Со еден збор, се работи за програми кои вклучуваат еколошки принципи, разубaвување на просторот, квалитетно минување на слободното време и живеење во хармонија со природата“, вели м-р Јелена Петровска, библиотекар советник и програмски раководител, во НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »