Menu Close

PERSOMACEDONICA: МАКЕДОНИЈА И ПЕРСИЈА ПРЕД АЛЕКСАНДАР

ден

Античките историографи, нивните извори и методи. –
Прв аргумент против правењето историска реконструкција е начинот на обработка на изворните податоци, т.е. фактот дека денешните анализи и толкувања се, всушност, толкувања на еднаш веќе протолкувани податоци.

БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / FREE DOWNLOAD

 

Без разлика дали првичните цели на Филип и на Александар биле слични или различни, Походот секако започнал по автоматизам. Соочен со потребата да ги заштити интересите на Македонија, односно да продолжи да ја спроведува политиката на Филип, Александар воопшто не се двоумел дали да нападне и да го продолжи потфатот – туку, едноставно, продолжил да го тера понатаму она што го замислил Филип.
Каде е, тогаш, оној специфичен александровски novum, она што ќе го направи Александар различен од Филип? Според сè, таквото нешто треба да се бара во мигот кога Александар сфатил дека треба да продолжи понатаму, за да се соочи со предизвиците што Филип можеби сакал да ги одбегне. Претпоставената граница на планината Таврос, за која честопати се зборува како за веројатно крајно одредиште на Филип, всушност не е толку сигурна како што се чини на прв поглед; останува отворен патот кон Кападокија, Атропатена, Ерменија, што неколку векови подоцна мошне добро ќе го почувствува и Византија – но, тоа веројатно можел да го увиди само човек што навистина стасал дотаму со војска. Откако станало јасно дека походот нема да заврши на Таврос, Александар морал да се соочи со една географска и империјална неопходност – да продолжи кон Исток и да навлезе во Месопотамија. Од ова место, приказната веќе ги губи нишките што ја поврзуваа со Филип, и станува целосно приказна на Александар III.

БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / FREE DOWNLOAD

 

    Reviews

    There are no reviews yet.

    Be the first to review “PERSOMACEDONICA: МАКЕДОНИЈА И ПЕРСИЈА ПРЕД АЛЕКСАНДАР”

    Your email address will not be published.