Патувањето во Израел беше дел од нашите посети на педесетина различни земји во светот. Но, тоа беше највозбудливото
патување, исполнето со многу искушенија, сознанија и предизвици да ја запознаеме „Светата земја“, нејзините библиски
места, градови, култури, религии, обичаи и многу карактеристики на нејзиниот современ свет. Притоа имавме можност да посетивме бројни споменици кои имаат светско значење и кои оставаат вечни траги во сеќавањата
на посетителот.
Израел за Евреите е ветената земја од Господа на Аврама и на неговите следбеници. Според библиските преданија од Стариот завет, првите
доселувања на Евреите во ветената земја – Канаан започнале околу 2.000
години пред новата ера.
Израел бил и останал факелот на светоста каде, раѓањето, чудотворието и моќта на Спасителот Исус Христос, е божествено сочинение и
овоземна припадност следена од многуте стотици милиони следбеници
кои ги има во сите земји од целиот свет.
Кога се пишува за Израел треба да се каже дека центарот на светот е
точно таму, на меѓата меѓу европскиот, азискиот и африканскиот континент. Токму таму е сместена „Светата земја“, чие име е добиено поради настаните поврзани за религиите и бидејќи светите копја секогаш се кршат
токму тука, на израелската територија.
Од друга страна, пак, приказните кажуваат нешто друго. Имено, „Светата
земја“, го добила своето име, затоа што Бог се погрижил таму да растат овошја и зеленчуци, кои давале плодови (храна) за тамошните жители. На тој
начин, тамошните луѓе мислеле дека Бог ги сака премногу, се грижи за нив,
Рецензии
Сеуште нема препораки.