Menu Close

РЕЧНИК ШУМАРСТВО, екологија и животна средина / DICTIONARY OF FORESTRY, ecology & environment (e-Book)

Познавањето на стручните термини од дадена област може многу да помогне дури и при скромно познавање на определен јазик.

Различните искуства и тешкотии при користењето странски материјали од областа на шумарство, дрвната индустрија, екологијата, одржливиот развој и потребата да земат приклучок и нашите стручни лица од овие области во светските научни и развојни достигнувања, укажуваа дека има потреба од издавање на еден ваков повеќејазичен речник на странски термини, изрази, поими и категории од областа на науката, техниката на производство за индустриско користење на дрвото, со одржливо стопанисување во современите еколошки услови.