Целта со издавањето на таа вредна книга во развитокот на македонскиот јазик и култура е едуцирање на македонското население во Егејска Македонија. Со самиот факт што тој дел на Македонија потпаднал под грчка контрола, на македонското население му била укината можноста да се образува на својот мајчин јазик. Со издавањето на Абецедарот се направил голем чекор кон остварување на таа цел, но за жал за многу кратко време. Имено, Абецедарот бил набрзо укинат од страна на грчката влада, а со тоа е изгубена и единствената врска на Македонците со својот јазик.
Во 2006 година е дозволено повторно преиздавање на Абецедарот на македонски јазик и е испечатен во Солун. Второто издание на Абецедарот го оживеа македонскиот народ а со тоа и заживување на македонскиот дух во делот на Егејска Македонија и тоа е овозможено благодарејќи на политичката партија на Македонците во Егејска Македонија – Виножито. Во новото издание се вклучени старото издание на Абецедарот, новото издание на Абецедарот, предговор и други неколку статии. Оригиналниот „Абецедар“ е во Скопје, Република Македонија.
Reviews
There are no reviews yet.