Чашуле е нашиот прв автор кој собра храброст на ваков начин да проговори за македонските црнила.
Самиот тој вели дека инспирација добил од убиството на Ѓорче Петров во кое „видов кревање рака на својот идеал. Усмртувањето на Ѓорчета од македонска рака, а во служба на антимакедонски однародени интереси, за мене станаа симбол на македонските црнила воопшто“.
.
„Црнила“ е драма на идеја, односно драма со теза, која се остварува преку апсурдот на еден лик дојден во непознат свет, но овде остварена и со политички задни намери.
Идејата во драмата е осуда на човековиот морален пад, на братоубиството, на забивањето нож в грб – честа појава во нашата мрачна историја.
.
Дејството се случува 1921 година во Софија, а како мото се дадени стихови на Анте Поповски:
.
„Долу по полено, по врбацине, до срцево
Сè е така и ноќ и нож в плеќи забиен
Не ме уплашија векови со нож од туѓа рака
Ме плаши час од рака своја в плеќи.“
.
Композицијата на драмата е во четири дејства, а драмскиот простор е домот на Христови каде се подготвува заговорничкиот предавнички чин.
200 ден
Темата на драмата „Црнила“ од Коле Чашуле е убиството, атентатот врз Ѓорче Петров од неговите сонародници, Македонци.
Нема на залиха
Категории: Драма, Македонски
Оценете го производот “Црнила” Откажи одговор
Поврзани продукти
- 420 ден
Колку може местото да ти го смени животот? Разумната Нора секогаш ги прифаќала своите успеси како нешто природно, но животот одеднаш почнува да ѝ се…
- 480 ден
Се будиш едно утро и сфаќаш дека го нема твоето семејство, помислуваш дека заминале порано од дома за да не се сретнат со тебе после…
- 0 ден
Граматика БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / FREE DOWNLOAD
- 0 ден
Уместо предговор, увод и сл… Уште одма, на почеток, да се разбереме… Да нема после: не знам, не ми кажаа… Рукописот е пишуван на скопски…





Рецензии
Сеуште нема препораки.