По возбудливото лето во Прага, Лумики Андерсон се враќа во Финска, во својата престижна уметничка школа. Добива главна улога во училишната театарска претстава, современа адаптација на Снежана и се соочува со нов предизвик – Сампса, младичот што ја игра улогата на ловецот, неодоливо ја привлекува и во неа буди дилема за тоа што и кого всушност го сака.
И токму кога се чини дека полека сѐ се враќа на своето место, Лумики почнува да добива страшни љубовни пораки, чии што злокобни најави не може да ги игнорира. Кога таинствениот прогонувач го најавува остварувањето на своите закани на премиерата на претставата, Лумики е свесна дека мора да открие кој се крие зад маската и по секоја цена мора да го спречи најлошото. „Има ли Лумики некаква шанса да ги заштити своите најмили од непријателите чие срце е црно како абонос?
„Како кревка снегулка, оваа приказна насликана со црвена, бела и црна палета на бои, сјае со ледено волшепство“ – Киркус ривјус
Трилогијата романи Снежана (Црвена како крв, Бела како снег и Црна како абонос) стана книжевен феномен веднаш по нивното објавување, а наскоро се очекува и премиера на овие светски бестселери на филмското платно во Холивуд. Авторските права за романите досега се продадени во 52 земји во светот.
350 ден
Во приказните, исто како и во вистинскиот живот, сѐ што е скриено сака да биде најдено. Клучот чекаше повторно да биде допрен и да го отвори ковчегот. Чекаше стрпливо, неподвижно и немо. Наскоро ќе чукне неговиот час.
Категорија: Нови Ознаки: ISBN:9786082530604, Сала Симука, ЦРНА КАКО АБОНОС
Оценете го производот “ЦРНА КАКО АБОНОС” Откажи одговор
Поврзани продукти
- 550 ден
Драматична, исполнета со романса и неверојатни заговори.
- 420 ден
Во книжарницата „Семпре и синовите“ продажбата на книги не оди баш најдобро иако е Божиќ, период кога не би требало да биде така. Идеата на…
- 220 ден
Во оваа лектира се зборува за враќањето на Марко од војска и како тој му помогнал на својот помал брат Славе да порасне.
- 490 ден
Интриги, игри и многу тајни во едно благородно семејство.
Рецензии
Сеуште нема препораки.