Menu Close

Улица

100 ден

Повеста „Улица“ е првото прозно дело на Славко Јаневски. Темата е животот на група млади луѓе во Скопје меѓу двете светски војни и дилемите на главниот лик Јане Славковиќ, а идејата е пронаоѓањето на вистинскиот пат во животот.
Улица – во случајов симболизира лош пат во животот (уличарски) иако во делото е опишана една од многуте улици во меѓувоеното Скопје.
Настаните се предадени преку раскажувањето на главниот лик – јас, кој е и наратор и учесник во случките. Всушност, повеста има автобиографски карактер во која е опишано детството и момчештвото, едно не сосема обично детство – детство на беспризорните, хроника на ситните злосторства на децата оставени на улица.

Окл„Улица“ започнува со сеќавањата на главниот лик на детството, кое е опишано сосема кратко, поточно е опишан само еден ден на кој личеле и сите други денови. Во тој ден учествуваат само таткото и чичкото, а мајката не се споменува. Дома него сите го кошкаат, никој ништо не му зборува, се сопнуваат од него. Таму, тој е незабележлив, никој не му обрнува внимание, се чувствува како да не постои и затоа не му се допаѓа.
Од тие причини, тој има уште две можности каде што ќе може да се докаже: во училиште и на улица.
.
Во продолжение е опишано училиштето кое е претставено како многу здодевно. Професорите се анегдотски, па дури и карикатурно опишани. Сите се здодевни, бавни, зборуваат со тон кој успива, неинтересни и премногу строги.
Професорот по математика бил целиот валчест, округол, ќелав, со кратковиди безбојни очи кој им личи на нула. Професорката по географија со своето вкочането седење на работ од столот е како чизмата на Италија, па дури и името ѝ е слично — Наталија. Учителот по цртање им бил како детска играчка.
Класниот раководител, по српски и историја за да ги омаловажи и навреди учениците секогаш им го поставувал истото прашање: „Што си ти, придавка или глагол?“ Мислејќи на придавката – „глупав“ и на глаголот – „оглупавува“, а тие покорно требале да одговорат: „Сега сум, господине глагол, но ќе станам придавка“ (односно – оглупавувам, после ќе станам глупав).
.
Во една случка, кога протестираат повисоките класови, Јане ќе им купи цигари на некои поголеми деца. Тогаш ќе биде забележан од класниот и ќе биде казнет сам да остане во училиштето по завршување на часовите. Таму ќе го заборават, па дури ноќта ќе се врати дома. Оваа случка ќе го обележи и тој ќе биде под постојан надзор на професорите. Вака и училиштето станува непогодно место за себедокажување и за изградување на неговата личност.
.
Значи — му преостанува улицата.
На улицата дефилираат само негативни ликови, ликови на работ од егзистенцијата, на злото, на мрачното и ужасното. Во периферниот ќорсокак живеат сиви луѓе со комплицирани судбини кои се постојано во судир со законот.
Улицата е опишана панорамски (нејзиниот изглед) — надворешноста и нејзината внатрешност, односно луѓето и доживувањата.

Please follow and like us:

    Reviews

    There are no reviews yet.

    Be the first to review “Улица”

    Your email address will not be published. Required fields are marked *

    Translate »