Окл„Улица“ започнува со сеќавањата на главниот лик на детството, кое е опишано сосема кратко, поточно е опишан само еден ден на кој личеле и сите други денови. Во тој ден учествуваат само таткото и чичкото, а мајката не се споменува. Дома него сите го кошкаат, никој ништо не му зборува, се сопнуваат од него. Таму, тој е незабележлив, никој не му обрнува внимание, се чувствува како да не постои и затоа не му се допаѓа.
Од тие причини, тој има уште две можности каде што ќе може да се докаже: во училиште и на улица.
.
Во продолжение е опишано училиштето кое е претставено како многу здодевно. Професорите се анегдотски, па дури и карикатурно опишани. Сите се здодевни, бавни, зборуваат со тон кој успива, неинтересни и премногу строги.
Професорот по математика бил целиот валчест, округол, ќелав, со кратковиди безбојни очи кој им личи на нула. Професорката по географија со своето вкочането седење на работ од столот е како чизмата на Италија, па дури и името ѝ е слично — Наталија. Учителот по цртање им бил како детска играчка.
Класниот раководител, по српски и историја за да ги омаловажи и навреди учениците секогаш им го поставувал истото прашање: „Што си ти, придавка или глагол?“ Мислејќи на придавката – „глупав“ и на глаголот – „оглупавува“, а тие покорно требале да одговорат: „Сега сум, господине глагол, но ќе станам придавка“ (односно – оглупавувам, после ќе станам глупав).
.
Во една случка, кога протестираат повисоките класови, Јане ќе им купи цигари на некои поголеми деца. Тогаш ќе биде забележан од класниот и ќе биде казнет сам да остане во училиштето по завршување на часовите. Таму ќе го заборават, па дури ноќта ќе се врати дома. Оваа случка ќе го обележи и тој ќе биде под постојан надзор на професорите. Вака и училиштето станува непогодно место за себедокажување и за изградување на неговата личност.
.
Значи — му преостанува улицата.
На улицата дефилираат само негативни ликови, ликови на работ од егзистенцијата, на злото, на мрачното и ужасното. Во периферниот ќорсокак живеат сиви луѓе со комплицирани судбини кои се постојано во судир со законот.
Улицата е опишана панорамски (нејзиниот изглед) — надворешноста и нејзината внатрешност, односно луѓето и доживувањата.
100 ден
Повеста „Улица“ е првото прозно дело на Славко Јаневски. Темата е животот на група млади луѓе во Скопје меѓу двете светски војни и дилемите на главниот лик Јане Славковиќ, а идејата е пронаоѓањето на вистинскиот пат во животот.
Улица – во случајов симболизира лош пат во животот (уличарски) иако во делото е опишана една од многуте улици во меѓувоеното Скопје.
Настаните се предадени преку раскажувањето на главниот лик – јас, кој е и наратор и учесник во случките. Всушност, повеста има автобиографски карактер во која е опишано детството и момчештвото, едно не сосема обично детство – детство на беспризорните, хроника на ситните злосторства на децата оставени на улица.
Related products
-
290 ден
Франц Кафка е еден од најзначајните и водечки писатели на дваесеттиот век, односно тој припаѓа на европската и светската книжевност.
-
0 ден
БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / DOWNLOAD Првиот антологиски избор од светскиот расказ Црни овци (Скопје, издание на Детска радост од 1996 година) беше подготвен првенствено за…
-
120 ден
Обрадовиќ остро ги подвлекува поуките во басните и детаљно им ги објаснува на своите читатели, со желба да ги поучи.
-
380 ден
Првиот антологиски избор од светскиот расказ Црни овци (Скопје, издание на Детска радост од 1996 година) беше подготвен првенствено за младата популација. „Црни овци“ од…
Рецензии
Сеуште нема препораки.