„Тартиф“ е комедија со елементи на фарса, комедија на карактери и комедија на нарави.
Темата е конфликтот во едно богато и угледно семејство поради прифаќањето и величањето на свештеникот Тартиф од страна на Оргон, главата на семејството.
Идејата е да се разобличи и искритикува религиозното лицемерство.
Комедијата е составена од пет чина и е напишана во стихови.
Поводот Молиер да ја напише оваа комедија било француското свештенство кое било остро против неговиот театар, неговата личност како режисер, писател и артист. Тие биле против ширењето на слободните мисли, се мешале во државните работи и во интимниот живот. Затоа Молиер во „Тартиф“ ја разобличува лицемерноста, измамата, лагата и лажната набожност како главни сопирачки на правилниот развиток на човештвото.
Во комедијата е претставен судирот меѓу вистината и лагата низ лицемерието на Тартиф кого дел од ликовите го идеализираат – госпоѓата Пернел и нејзиниот син Оргон, а останатите го гледаат онаков каков што е – лицемерен лажго.
Иако Тартиф не се појавува до третиот чин, тој е во центарот на вниманието и е причина за недоразбирањата во семејството. Во првите два чина од другите ликови дознаваме за особините на Тартиф и за поделеноста на семејството. Сѐ додека тој не се појавува, не сме сигурни кој е во право.
Оценете го производот “Тартиф” Откажи одговор
Поврзани продукти
- 200 ден
Белото Циганче е роман за деца од македонскиот писател Видое Подгорец. За првпат, книгата била издадена во 1972 година. Исто така, таа била екранизирана од…
- 480 ден
Се будиш едно утро и сфаќаш дека го нема твоето семејство, помислуваш дека заминале порано од дома за да не се сретнат со тебе после…
- 0 ден
Монографијата Говрлево нема да умре е посветена на малото планинско село Говрлево кое се наоѓа во близината на градот Скопје.
- 0 ден
Месечен весник, гласи- ло на Македонците во Северна Америка. Излегува во првата сед- мица од месецот. Првиот број на “Македо- нија“ излезе на први ноем-…





Рецензии
Сеуште нема препораки.