Изготвувањето на Стратегијата за Ромите во Република
Македонија, произлегува од нејзината аспирација за членство во Европската
Унија. Тоа наложува изградба на сеопфатна политика на равој за Ромите
усогласна со Копенхашките критериуми за пристап кон ЕУ како и бројни
други документи на ЕУ кои директно реферираат на Ромите: Агендата 2000
(1997); ЦОЦЕН принципите (1999) како и политиките на ЕУ за вработување
(самитите во Амстердам и Луксембург 1997) и социјалните политики
(самитите во Лисабон и Феира во 2000). Сите овие документи упатуваат на
конкретна акција и приоритетни мерки со цел да се излезе во пресрет на
потребите на ранлвите групи, меѓу кои спаѓаат и Ромите.
0 ден
Оваа стратегија се вклопува и совпаѓа со напорите на владата за намалување на сиромаштијата
воопшто, бидејќи Ромите се сметаат како највулнерабилна етничка заедница
во Републиката. Фактите говорат дека сиромаштијата на Ромите е многу
повисока отколку на било која друга група и таа се темели на бројни
акумулирани фактори кои задираат во историјата, традицијата и нивната
перманентна социјална ексклузија. Реперкусиите од ваквата состојба се
манифестираат негативно врз нивото на образование, пристапот кон јавните
услуги, вработувањето, домувањето, здравството и сл. Затоа, потребно е
промовирање на инклузивна политика која ќе овозможи излез од постојниот
круг на зависност и дискриминација кои детерминираат долгорочно
перпетуирање на сиромаштијата.
Related products
-
35 ден
Серија кратки приказни прилагодени за најмалата возраст, освен по својата содржина, и по својата големина, направени така да можат да ги држат во рака и…
-
0 ден
U tekstu je reč o istorijskim vezama Srba i Nemaca i stereotipnoj slici o Nemcima koja postoji kod Srba u 19. i 20. veku. Stereotip…
-
299 ден
За малите ученичиња кои веќе ги завршија сите задачи од првите две книги “1000 неверојатни активности 1 и 2” , го претставуваме нејзиното трето продолжение…
-
Reviews
There are no reviews yet.