Фитотерапијата или современата хербална медицина претставува научна дисциплина која ја проучува употребата на лековитите растенија и нивните производи во превенцијата и во третманот на заболувањата кај човекот. Има корени во многу далечното минато, а претставува медицина која во голем дел се базира врз искуството што е пренесувано од генерации наназад, вербално или со пишан збор.
Современата хербална медицина денес доживува едно посебно научно внимание кое е во согласност со сè поголемите барања на современиот човек терапевтските средства да бидат ефикасни, а притоа да не предизвикуваат несакани ефекти во организмот. Хербалните препарати, во таа смисла, се далеку пред синтетските, конвенционалните лекови, коишто се недвосмислено ефикасни во третманот на заболувањата, дејствуваат брзо и промените што ги предизвикуваат се манифестираат очигледно, но, исто така, развиваат и голем број несакани ефекти. Хербалните препарати се многу добри кандидати за безбедни лекови што не развиваат несакани ефекти, но треба да се биде свесен дека при нивната употреба терапевтските ефекти и промените кај болниот се манифестираат побавно и во еден попролонгиран период, бидејќи тие дејствуваат на сосема друг начин во однос на синтетските лекови, имено на начин со кој ги потикнуваат сопствените сили на организмот за излекување, а не да ги заменуваат.
0 ден
Фитотерапијата или современата хербална медицина претставува научна дисциплина која ја проучува употребата на лековитите растенија и нивните производи во превенцијата и во третманот на заболувањата кај човекот. Има корени во многу далечното минато, а претставува медицина која во голем дел се базира врз искуството што е пренесувано од генерации наназад, вербално или со пишан збор.
БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / FREE DOWNLOAD
Related products
-
420 ден
Во книжарницата „Семпре и синовите“ продажбата на книги не оди баш најдобро иако е Божиќ, период кога не би требало да биде така. Идеата на…
-
126 ден
Итар Пејо — еден од најпознатите ликови во македонските народни приказни, кој е многу омилен меѓу младите читатели.
-
490 ден
Интриги, игри и многу тајни во едно благородно семејство.
-
450 ден
Сеќавањето е лажливо… Страста е ѓаволска работа. Нема ниту да трепнеш, а таа ќе помине и ќе остане само јалово сеќавање.