Практикумот е плод на научноистражувачката работа на авторот за време на неговите докторски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Имено, за секоја глава од овој Практикум авторот, во текот на спремањето на неговиот докторат, изготви засебен труд, кој потоа беше рецензиран од страна на компетентна рецензиона комисија, составена од професори по право и еминентни правни романисти, и истиот беше презентиран и успешно одбранет пред официјалните испитни комисии – еднаш на факултетско, а друг пат на универзитетско ниво, во зависност од типот на докторската конференција или семинар. Се надеваме дека ваквиот синтетизиран приказ на кодификациите кои се појавуваа низ милениумската историја на Римското право, ќе им даде на студентите по право доволен увид воизворите на правото на кои се темели современата европска цивилизација, а на подобрите од нив ќе им послужи за понатамошни истражувања на оваа мошне значајна правна материја.
0 ден
Овој интерен Практикум по Римско право е наменет првенствено за студентите од Прва година на Правниот факултет при државниот Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, кои овој предмет го слушаат како задолжителен во вториот семестар од студиите.
Поврзани продукти
- 200 ден
Белото Циганче е роман за деца од македонскиот писател Видое Подгорец. За првпат, книгата била издадена во 1972 година. Исто така, таа била екранизирана од…
- 0 ден
Монографијата Говрлево нема да умре е посветена на малото планинско село Говрлево кое се наоѓа во близината на градот Скопје.
- 420 ден
Колку може местото да ти го смени животот? Разумната Нора секогаш ги прифаќала своите успеси како нешто природно, но животот одеднаш почнува да ѝ се…
- 0 ден
Месечен весник, гласи- ло на Македонците во Северна Америка. Излегува во првата сед- мица од месецот. Првиот број на “Македо- нија“ излезе на први ноем-…





Рецензии
Сеуште нема препораки.