Menu Close

РИМСКО ПРАВО – П Р А К Т И К У М

ден

Овој интерен Практикум по Римско право е наменет првенствено за студентите од Прва година на Правниот факултет при државниот Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, кои овој предмет го слушаат како задолжителен во вториот семестар од студиите.

БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / FREE DOWNLOAD

Практикумот е плод на научноистражувачката работа на авторот за време на неговите докторски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Имено, за секоја глава од овој Практикум авторот, во текот на спремањето на неговиот докторат, изготви засебен труд, кој потоа беше рецензиран од страна на компетентна рецензиона комисија, составена од професори по право и еминентни правни романисти, и истиот беше презентиран и успешно одбранет пред официјалните испитни комисии – еднаш на факултетско, а друг пат на универзитетско ниво, во зависност од типот на докторската конференција или семинар. Се надеваме дека ваквиот синтетизиран приказ на кодификациите кои се појавуваа низ милениумската историја на Римското право, ќе им даде на студентите по право доволен увид воизворите на правото на кои се темели современата европска цивилизација, а на подобрите од нив ќе им послужи за понатамошни истражувања на оваа мошне значајна правна материја.

БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / FREE DOWNLOD

Рецензии

Сеуште нема препораки.

Оценете го производот “РИМСКО ПРАВО – П Р А К Т И К У М”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »