Menu Close

ПРИРАЧНИК И МОНОГРАФИИ ЗА СОБИРАЧИ НА ПЕЧУРКИ И ЛИШАИ

$

Одржливото искористување на
природните ресурси на растителниот свет е предмет на оваа публикација, која претставува алатка за идна едукација на корисниците на овие богатства. Наменета е за сите учесници во собирањето, преработката и прометот со самоникнати растенија, габи и лишаи, како и за локалните самоуправи кои го планираат локалниот развој.

БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / FREE DOWNLOAD

Category:

Габите претставуваат посебно и независно царство на живи организми. Оваа група организми е многу богата со видови и нивната улога во природата е многу значајна. Опишани се околу 100.000 видови, но веројатно ги има далеку повеќе. Вегетативното тело на габите се нарекува мицелиум. Тоa содржи големброј тенки нишковидни клетки (хифи) кои се наоѓаат во супстратот (почва, остатоци од растенија, живи растенија итн.) и тешко се забележуваат. Од мицелиумот при поволни услови се развиваат плодни тела најразлични по боја, форма и структура. Она што всушност го гледаме кога шетаме низ шумите се плодните тела на печурките (макромицети). Спорите се формираат во внатрешноста на плодните тела и тие, како и семките кај растенијата, имаат улога во процесот на распространување и репродукција на видот, како и во опстанокот на видот при неповолни периоди. Спорите најчесто се пренесуваат со ветер.
При поволни еколошки услови, спорите из`ртуваат во мицелиум.

БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ  /  FREE DOWNLOAD

 

    Reviews

    There are no reviews yet.

    Be the first to review “ПРИРАЧНИК И МОНОГРАФИИ ЗА СОБИРАЧИ НА ПЕЧУРКИ И ЛИШАИ”

    Your email address will not be published. Required fields are marked *

    Translate »