Живеејќи во период кога партиите ја освојуваат власта на избори во фер и демократски натпревар, врската помеѓу реториката и политиката станува уште поцврста поради што се наметнува потребата од натамошна анализа на овој меѓусебен каузалитет. Последното, пак, претставува и основен мотив за пишување на делото „Политика и реторика“, кое настојува натамошно да го разјасни овој однос (политика – реторика), разработувајќи го истиот во еден општ (теоретски) контекст, но и во конкретна (практична) смисла преку примерот со Република Македонија (РМ).
0 ден
Политиката претставува носечка активност со која луѓето, групирајќи се во одделни сегменти, настојуваат да ги остварат парцијалните и колективните замисли на локален, на државен, односно на меѓународен план. Освен ваквата т.н. „вертикална“ диверзификација, политиката како активност може да се анализира и од т.н. „хоризонтален“ аспект во смисла на темата на која се однесува истата, па според тоа се разликува: образовна, здравствена, социјална, културолошка, младинска политика итн.
Поврзани продукти
- 250 ден
Книга која ќе остане во душата… засекогаш!
- 550 ден
Сакаш ли да станеш вистински научник и да ги изненадиш своето семејство и пријателите? Тоа е главната намена на оваа книга. Ќе те води и…
- 299 ден
За малите ученичиња кои веќе ги завршија сите задачи од првите книги “1000 неверојатни активности 1, 2, 3”, го претставуваме нејзиното продолжение “1000 неверојатно активности…





Рецензии
Сеуште нема препораки.