Времето на случување е Првата светска војна, но и годините пред и по неа. Местото на случување е селото на Јон и Велика, во Македонија каде тогаш биле стационирани многу војски – српски, бугарски, француски, англиски, германски и австриски, но војниците биле најмногу од Македонија. Дел од случувањата се на фронтот.
Многу е интересна композицијата на романот. Фабулата е предадена преку три сижетни линии. Првата е раскажувањето на Дуко Вендија – составено само од првата и последната глава, а другите две се 28 делови, по 14 на Јон и Велика каде тие во прво лице, значи од свој агол, го раскажуваат сопствениот живот. На почетокот дејството се одвива хронолошки, во средината паралелно (додека сопружниците се одвоени), за на крајот да заврши повторно хронолошки.
0 ден
„ Пиреј “ е првиот роман на Петре М. Андреевски.
Насловот на романот е симболичен, односно преку троскотната трева пиреј, авторот го прикажува својот непокорлив народ. Лазор Ночески (спореден лик од романот, народен мудрец) јасно нагласува:
„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“
Всушност преку оваа симболика изразена е и темата и идејата во романот. Темата е животот на двајца сопружници, Јон и Велика, и нивните страдања за време на војните, а идејата е дека Македонецот опстојувал и ќе опстојува.
Related products
-
420 ден
Колку може местото да ти го смени животот? Разумната Нора секогаш ги прифаќала своите успеси како нешто природно, но животот одеднаш почнува да ѝ се…
-
490 ден
Интриги, игри и многу тајни во едно благородно семејство.
-
0 ден
Уместо предговор, увод и сл… Уште одма, на почеток, да се разбереме… Да нема после: не знам, не ми кажаа… Рукописот е пишуван на скопски…
-
470 ден
Ова е приказна во која љубовта се чувствува во секој збор и реченица…Толку емоции на секоја страница…
Рецензии
Сеуште нема препораки.