Menu Close

Ноќ и ден

200 ден

Вирџинија Вулф (1882-1941) се смета за водечки автор на 20-тиот век, голем романсиер и есеист и клучна фигура во историјата на литературата како феминист и модернист. Нејзиниот втор роман „Ноќ и ден“ (1919) е истовремено љубовна приказна и општествена комедија, која ги истражува границите помеѓу личната слобода и барањата на љубовта.

Кое е значењето на љубовта во животот на еден човек? Дали е потребна за човек да биде среќен?
Кетрин Хилбери е убава и привилегирана, но не е сигурна за својата иднина. Таа мора да одлучи помеѓу свршувачката со прозаичниот поет Вилијам Родни и нејзината опасна привлечност кон страстниот Ралф Денам.
Вулф ја анализира британската буржоазија со нејзините специфични стереотипи и спротивставени односи помеѓу две пријателки, Кетрин и Мери. Многуте аспекти на една личност, преку нијансите на погледот, зборот, движењето, читателот ги доживува низ совршениот книжевен израз на Вирџинија Вулф.

Please follow and like us:

    Reviews

    There are no reviews yet.

    Be the first to review “Ноќ и ден”

    Your email address will not be published. Required fields are marked *

    Translate »