Во книгата, читателот ќе се сретне со низа факти и настани кои авторот прв пат јавно ги изнесува, потврдувајќи ја својата посветеност на македонското дело. Покрај другото, тема во книгата на најмладиот македонски премиер, се најкритичните мигови на современата македонска историја од осамостојувањето до денес, но и премрежијата низ кои мина партијата што ја основа и во чиј развиток се вложи себеси. Дури и површна анализа на текстот укажува на своевиден животен и политички тестамент на авторот, исплетен од неверојатна искреност на еден политичар. Барем онака како сме навикнале читајќи памфлети на политичари од сите епохи. Во таа смисла, на едно место Георгиевски ќе напише: „…Земајќи ја предвид мојата метаморфоза, сигурен сум дека ако не бев ангажиран во политиката ќе бев познат македонски писател. Можеби, тоа ќе беше подобро и за мене лично и за Македонија! Во книгата, ќе ги сретнете имињата на околу стотина личности од историјата на Македонија, но и на наши современици – негови соработници, политички противници и личности кои имале влијание на неговиот личен и политичкиживот.
500 ден
Основачот на првата македонска автентична политичка партија,ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во книгата на околу 400 страници, ја изнесува својата лична и политичка исповед, од денот кога прв пат се впушта во политичките води до денешни дни.
Related products
-
199 ден
МАЈСТОРСКИ НАПИШАН ТРИЛЕР ШТО НÈ ПОВИКУВА ДА СЕ ИЗГУБИМЕ ВО МИСТЕРИОЗНИОТ СВЕТ НА УМЕТНИЧКОТО ТВОРЕШТВО.
-
420 ден
Во книжарницата „Семпре и синовите“ продажбата на книги не оди баш најдобро иако е Божиќ, период кога не би требало да биде така. Идеата на…
-
420 ден
Колку може местото да ти го смени животот? Разумната Нора секогаш ги прифаќала своите успеси како нешто природно, но животот одеднаш почнува да ѝ се…
-
420 ден
Тој не ги убива, не ги силува, не ги измачува… Неговото злосторство е многу, многу полошо. Три жени – млади, прекрасни, полни со живот –…
Рецензии
Сеуште нема препораки.