Главна особеност на научниот пристап применет во книгава е неговата втемеленост во ликовните претстави што Јужните Словени, заедно со многу други народи, ги создавале низ епохите. Овие претстави до нас допираат на два начина – со ископувањето на вековните земјени пластови или преку непрекинатото репродуцирање низ десетици и стотици генерации, cè до наши дни. Оттука, базични научни дисциплини од кои се црпи главниот материјал за овие истражувања се археологијата и етнологијата, кои од своја страна ѝ даваат основен белег и на самава книга. Таквиот пристап е пред cè мотивиран од фактот што ликовниот медиум се покажува како најтраен и најавтентичен преносител на древните словенски традиции.
БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / FREE DOWNLOAD
Reviews
There are no reviews yet.