Menu Close

Малиот принц

290 ден

Погледнат низ детските очи, светот е енигма, често драматична. Затоа малиот принц не престанува да поставува прашања за смислата на животот.

Одговорите што ги добива од возрасните се бизарни со својот груб рационализам и ја покажуваат во вистинска светлина извештаченоста на светот на возрасните, па затоа авторот, усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето, ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет лишен од вистинските вредности. Патешествијата и приклученијата на малиот принц од планета на планета, од откритие до откритие, се во значајна мера и едукативни, а оваа лирска сказна, овоплотена со сликовит и езотеричен јазик, во целост е поврзана и со традицијата на филозофската апологија, и токму тоа е она што ја означува необичноста на Малиот принц за кој, без сомневање, се можни безброј интерпретации.

Please follow and like us:

    Reviews

    There are no reviews yet.

    Be the first to review “Малиот принц”

    Your email address will not be published. Required fields are marked *

    Translate »