Оваа енциклопедија е наменета за деца над 5 годишна возраст. Во неа се обработени 39 тематски содржини. Тие даваат основни информации за татковината Република Македонија, за нејзините убавини, градови, села, планини и реки, за нејзините природни богатства, како и позначајни податоци прилагодени на возраста на децата. Оригиналните илустрации презентираат дел од содржините и се во функција на текстот. Содржините и податоците во неа, секако може да бидат корисни за секој читател.
Како прва од ваков вид, енциклопедијата е оригинално дело на тим македонски автори и има за цел да ја поттикне љубопитноста и интересот кај децата за себе и за својата татковина.
Reviews
There are no reviews yet.