Македонската енциклопедија јасно ги определи главните упоришта на македонското научно гледиште, кое е прикажано плуралистички, мозаично, а не еднозначно, шематски и црнобело. Во таа смисла Македонската енциклопедија, донесувајчи многу нови и во националната свест на нашиот народ недоволно познати факти ја збогатува свеста за нас самите во историјата. Македонската енциклопедија извршува длабок епистемолошки рез во автохтоното вреднување на нашиот национален и историски развој, на нашата долготрајна борба не само против големите и крвави зулуми вршени над нас, за нашиот опстанок на овој балкански простор, туку и против сите видови супремации на ту|инскиот дух што се обидувал да нè присвои, т.е. духовно и географски да нè обезимени и обезличи.
0 ден
Објавувањето на првата Македонска енциклопедија е уште едно крупно постигнување на нашата наука во првата деценија на XXI век. Таа ја проследува целината на македонската земја во еден долг милениумски временски период и како нејзина најсестрана легитимација и егзактна експертиза на македонската стварност низ историјата, претставува една од големите придобивки на нашата наука во новата историја на Македонија. БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / FREE DOWNLOAD
Поврзани продукти
- 0 ден
Блаже Конески БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ /FREE DOWNLOAD
- 0 ден
Водич за практична настава по судска медицина
- 0 ден
Минуциозниот ритуал на Фин Амор (трубадурската „учтива љубов”) ги има сите карактеристики на иницијацискиот обред. Не недостасуваат ни претходни инструкции, ни градификацијата на искушението, ни…
- 0 ден
Мнемонички импликации на топосот – ТУКА Предмет на интерес на овој текст се теориските и мнемоничките импликации на создавањето и на проучувањето на топосот фигури…





Рецензии
Сеуште нема препораки.