Menu Close

Лозје

200 ден

Збирка раскази „Лозје” (1955)

… Не сум имал никогаш некоја намера посериозна да се бавам со проза. И таа збирка на некој начин случајно настана. Интересен е поводот.

Out of stock

До 1954-та година јас бев уверен дека ништо прозно не сум напишал. Кога, претресувајќи некакво сандаче со стари ракописи, открив една тетратка, пишувана со моја рака и во неа гледам околу шеесет страници испишани со проза. И кога погледав, тоа беше расказот „Крчмите”. Всушност, јас сум го напишал тој расказ – потоа во своето сеќавање целата работа ја реконструирав – некаде летото 1944-та година. Потоа дојдоа сите настани, промени, и сум заборавил дека такво нешто сум напишал. Тотално сум заборавил. Десет години тој текст останал така настрана. Кога го открив, го прочитав и видов дека со извесни корекции тој може да се објави. Јас тие корекции ги направив. Не беа тие многу… Не во композицијата толку, колку во некои епизоди. Исфрлање на нешто, додавање на нешто. Не беа тие големи исправки. Тогаш се заинтересирав за тоа, и некои други мотиви што ми се вртеа во глаата, да ги обработам во раскази. И така, во доста кратко време настанаа уште оние девет текста. Збирката има вкупно десет раскази.
Книжевност
Цане Андреевски
Конески: Кажувања

Please follow and like us:

    Reviews

    There are no reviews yet.

    Be the first to review “Лозје”

    Your email address will not be published. Required fields are marked *

    Translate »