Ова дело длабоко задира во пределите на Црковното и Брачното право, од чиј што научен аспект се разработува целото дело. Во исто време, исто така не е воопшто занемарен и литургискиот аспект. Првиот дел од делото е посветен – општо за институцијата кумство, а додека вториот дел е посветен на духовното сродство, со што е заокружено делото. Така на еден современ богословски начин се нудат низа решенија на современиот проблем околу институцијата кумство во Црквата. Делото е мошне интересно. Напишано е на едноставен и чист македонски литературен јазик. Со читање на ова дело се здобиваме со знаења поврзани околу кумството, но и добиваме низа решенија за проблемите, кои со текот на времето се појавиле околу институцијата – кумство. Оваа тема секогаш привлекува посебно внимание како за теолозите – канонисти (црковни правници), така и за историчарите ширум светот.
Оценете го производот “Кумството во црквата” Откажи одговор
Поврзани продукти
- 0 ден
БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / FREE DOVNLOAD „Сердарот“ е историско-јуначка поема; историска балада. Темата е борбата на Македонците против насилствата на Гегите, или поопшто, борбата за слобода.…
- 0 ден
A THESIS SUBMITTED TO VICTORIA UNIVERSITY IN FULFILMENT OF THE REQUIREMENTS OF THE DEGREE OF DOCTOR OF PHILOSOPHY SCHOOL OF SOCIAL SCIENCES MELBOURNE, VICTORIA MAY,…
- 0 ден
Мнемонички импликации на топосот – ТУКА Предмет на интерес на овој текст се теориските и мнемоничките импликации на создавањето и на проучувањето на топосот фигури…





Рецензии
Сеуште нема препораки.