Романот „Крпен живот“ е битово-социјален и семеен. Настаните се подредени по хронолошки ред (роман-река). Во него детаљно се опишани ентериерот и екстериерот на селото Витолиште, а опфатен е периодот од крајот на XIX и почетокот на XX век (Илинденското востание, Првата и Втората балканска војна и Првата светска војна).
Раскажувањето е во трето лице од сезнаечки и сеприсутен наратор.
Темата на романот е животот на семејството Сукаловци од мариовското село Витолиште, а идејата е да се даде целосна слика на животот (обичаите, јазикот, фолклорот) во мариовските села при крајот на XIX и почетокот на XX век.
Романот претставува жива енциклопедија на животот и луѓето од Мариово и изобилува со етнографски и фолклорни обележја, детаљно опишани и оживеани преку ликовите, односно преку семејството Сукаловци.
Reviews
There are no reviews yet.