Итар Пејо, некаде познат и како Итроман Пејо или Итар Пејо – Мариоец е обичен сиромашен македонски селанец од Мариово кој се одликува со извонредна итрина, снаодливост и воедно е претставник на македонската шегобијна мудрост. Во приказните за него тој секогаш на итар начин им се оддолжува на тие што сакаат да му наштетат (обично турските големци), а неговите постапки често изнудуваат смеа и почит кај читателите. Нема историски потврди за неговото постоење и веројатно се појавил како противтежа на османлискиот итроманец и шегаџија Насредин Оџа во духовниот отпор на македонскиот народ против османлиското угнетување. Според некои кажувања, личноста Итар Пејо навистина постоела и била од мариовското село Градешница. Во многу македонски народни приказни со шеговити или сатирични мотиви и фабули, тој токму него редовно го надмудрува. Итар Пејо често ги насамарува и лакомите селски попови.
126 ден
Итар Пејо — еден од најпознатите ликови во македонските народни приказни, кој е многу омилен меѓу младите читатели.
Категории: Macedonian, Книги за деца, Македонски
Оценете го производот “Итар Пејо” Откажи одговор
Поврзани продукти
- 200 ден
Во оваа лектира се зборува за дрварчето Трајче кое секој ден со своето магаре одело по дрва во шумата. Таму се среќевало со едни луѓе…
- 0 ден
Граматика БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / FREE DOWNLOAD
- 550 ден
Драматична, исполнета со романса и неверојатни заговори.
- 480 ден
Се будиш едно утро и сфаќаш дека го нема твоето семејство, помислуваш дека заминале порано од дома за да не се сретнат со тебе после…





Рецензии
Сеуште нема препораки.