Коле Неделковски е истакнат македонски поет и револуционер кој живее и твори меѓу двете светски војни. Роден е на 16 декември 1912 година во селото Војница близу до Велес, во сиромашно земјоделско семејство – како Никола Крстев Неделков. Гимназија завршил во Велес. Поради недостиг на материјални средства, што било карактеристично за најголемиот број македонски семејства во периодот меѓу двете светски војни Коле беше принуден да го напушти школувањето. Во потрага по елементарна егзистенција заминува во Скопје и му се посветува на молерскиот занает и го посетува трговското училиште. Со поезија почнал да се занимава како ученик во велешката гимназија. Љубовта кон литературата му ја всадува неговиот чичко Илија Војницалија, кој бил поет и имал богата домашна библиотека. Како поборник против неправдите што и се нанесувале на работничката класа своето творештво – (песните и животот) ги посветува на напредното синдикално движење.
Во 1938 година на страниците на “Илустрација Илинден” објавена е неговата прва песна “Стојан војвода” (“Стојан на Ордановци”). Една година подоцна во Македонскиот книжевен кружок другарува со Никола Вапцаров, Антон Панов, Ѓорѓи Абаџиев, Венко Марковски и други познати Македонски револуционерно- книжевни дејци. Кон крајот на 1939 година ја издава својата прва стихозбирка “М’лскавици”, со која го поддржува трендот на пишување Македонска поезија со Македонска тематика и употреба на Македонски литературен јазик. Во 1940 година станува член на диверзантска група “Млади антифашистички борци”. Во август 1941 година излегува од печат неговата втора книга “Пеш по светот”. Само десет дена подоцна, на 2 септември 1941 година Коле Неделковски го завршува својот живот при обид на бугарската полиција да го уапси во станот во кој живеел.
БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / FREE DOWNLOAD
Reviews
There are no reviews yet.