Одржливоста на економскиот развој и условите за живеење зависи од нашата способност да се справиме со ризиците поврзани со екстремните настани.Многу практични проблеми бараат познавање на однесувањето на екстремните вредности. Особено, инфраструктурите од кои зависиме за храна, вода, енергија,засолништа и транспорт се чувствителни на високи или ниски вредности на метеоролошките варијабли. Мотивација за анализа на екстремите е често да се најде оптимална рамнотежа помеѓу донесувањето високи безбедносни стандарди кои се многу скапи, од една страна, и спречување на поголеми штети на опремата и објектите од екстремни настани кои се веројатни да се случат за време на векот на траење на ваквите инфрастуктури од друга страна (СМО, 1983)
0 ден
Промените на екстремните временски и климатски настани имаат значителни влијанија и се меѓу најсериозните предизвици за општеството во справувањето со климатските промени (CCSP, 2008). Како резултат на предвидувањата дека некоиекстремни настани ќе станат почести, повеќе распространети или поинтензивни во текот на 21 век (IPCC, 2007), се зголемува побарувачката за информативни услуги за временските и климатски екстреми.
Поврзани продукти
- 420 ден
Во книжарницата „Семпре и синовите“ продажбата на книги не оди баш најдобро иако е Божиќ, период кога не би требало да биде така. Идеата на…
- 0 ден
До Бирото за развој на образованието стигнаа многу предлози, а деновиве конечно е објавен новиот список.
- 350 ден
Ноќта во која се се промени засекогаш беше ладна и магличава, во гратчето скриено меѓу сенките на Алпите.
- 420 ден
Колку може местото да ти го смени животот? Разумната Нора секогаш ги прифаќала своите успеси како нешто природно, но животот одеднаш почнува да ѝ се…