Овие импликации се темелат врз
елаборациите на топосот како интертекстуална варијанта (Ораиќ,
1990), односно како „дел од колективната меморија на еден народ и на
еден субјект кој се стреми да се олицетвори во различни дискурзивни
практики” (Ќулавкова, 2009: 44),1 при што нашиот фокус, првенствено,
е поставен врз книжевните отелотворувања на топосот фигури на
меморија.
Овој топос ја потврдува својата валентност во неколкутеориски контексти,
актуелизирајќи одделни концепции (првенствено,
оние што им припаѓаат на славистичката семиотичка и
интертекстуална парадигма – теориите на Јуриј М. Лотман, на Ренате
Лахман, на Игор Смирнов, на Дубравка Ораиќ-Толиќ), подеднакво,
актуелизирајќи ги и категориите кои се оперативни во нив (како на
пример, интертекстуалноста и нејзините видови, меморијата и
одделните мнемотехнички операции, рецепцијата, семиотичките
функции на текстот, односот значење – смисла).
0 ден
Мнемонички импликации на топосот – ТУКА
Предмет на интерес на овој текст се теориските и
мнемоничките импликации на создавањето и на проучувањето на
топосот фигури на меморија.
Поврзани продукти
- 350 ден
Ноќта во која се се промени засекогаш беше ладна и магличава, во гратчето скриено меѓу сенките на Алпите.
- 420 ден
Романот „Крпен живот“ е битово-социјален и семеен. Настаните се подредени по хронолошки ред (роман-река). Во него детаљно се опишани ентериерот и екстериерот на селото Витолиште,…
- 0 ден
Проучувањето и пишувањето на историјата во балкански услови знае да биде тешко поради комплексниот начин на воспоставувањето на„балканските нации“ и современите политичко-историски пермутации. Ваквиот комплот…
- 200 ден
Димензии:10.00cm x 20.00cm Година на издавање:2008 Број на страници:174 Корица:мек повез Јазик:македонски ISBN:978-9989-33-359-0





Рецензии
Сеуште нема препораки.