МѓДејството се случува во Скопје, шеесеттите години од двесеттиот век. Темата на драмата е животот на младиот Драшко Каровски, неговиот подем и пад, а идејата, поврзана со Диоген – моралното пропаѓање на една личност и губењето на сопственото јас. (Диоген е антички филозоф кој сред бел ден одел со запален фенер во потрага по човек.)
Во судскиот процес не се разгледува само вината на Драшко, туку преку многу реконструкции се проследени делови од животот на главниот лик кои придонеле за несреќата. Тука се судат сите: општеството, пријателите, колегите, роднините, зашто се дел од животот на Драшко кој од скромен, чесен и занесен идеалист го прават лаком и суетен материјалист.
Освен Драшко, ликови во драмата се:
Даница, неговата жена, која не ја сака, а се оженил со неа за да ја спаси од „улицата“ и која му родила два сина;
Мајка му и татко му Никола, кои премногу му се мешаат во животот;
Владимир Крстин – Борски, директорот на Заводот за висока градба, кој верува во квалитетите на Драшко и го „разгалува“ со попустливиот однос кон него;
Алексеј Кондарко, универзитетски професор;
Борика Корда, колешка од Словенија, љубовта на неговиот живот, која доаѓа во Скопје заради Драшко и останува иако тој се оженил со друга;
Данчо, градежниот техничар, Славко, загинатиот палир, Судијата, Обвинителот, Бранителот, Судсиот писар и др.
Познати се и неговите драми „Парадоксот на Диоген“, „Бумеранг“, „Матурска вечер“, „Залезот над езерската земја“.
Рецензии
Сеуште нема препораки.