Тој не се бореше само против она што беше безбедно да се напаѓа, т.е. она што неговите ерарси или неговиот круг на јавни истомисленици му дозволија да го критикува. Тој напиша за еден од неговите ерарси, чии активности ги сметаше за негативни: „Ние го почитуваме неговиот висок чин, но сепак ја зборуваме вистината кога сме повикани.“1 Секако, тој не дискутираше за сите црковни проблеми со сите негови пријатели, познаници и духовни чеда. Во збирот на неговите зачувани писма, овие коментари, главно, се упатени кон оние што се во можност да му помогнат на неговото братство со овие проблеми, или кон оние, кои и самите, исто така, се соочуваат со овие проблеми и на кои им е потребно да бидат предупредени и охрабрени.
0 ден
Отец Серафим можеби не беше секогаш во право, и некои работи ги научи на
потешкиот начин, но тој не беше кукавица. Тој беше силен, мажествен „воин на духот”.
Категорија: Други
Оценете го производот “Воин на Духот” Откажи одговор
Related products
-
-
85 ден
Пепелашка, Румпелстилцхин и седумте јариња… Во оваа книга децата ќе пронајдат многу убави и интересни мотиви за боење од познатите приказни. Се разбира, тука се…
-
-
Рецензии
Сеуште нема препораки.