Во мали кружни отвори оформени на страничните фасции на горниот хоризонтален дел на носачот,биле вметнувани шилестите завршетоци на полукружните рачки.Долната страна од телото на носачот, редовно била обликувана во форма на палмета. Носачите на рачките биле фиксирани врз телотона казанот со три нитни. Со оглед на тоа што најголемиот број примери на котли се откриени во контексти на военостратегиски утврдувања, сметаме дека бронзените котли биле пред се користениод страна на луѓето од утврдувања оформени со задачи да контролираат значајни теснеци, премини и патни линии по кои најчесто од север пробивале непријателски расположени агресори кои доаѓаледа ги ограбуваат античките македонски градови. Гледано споредоткриените монети овие фортификации биле оформувани од страна на воените единици на македонските владетелски династии на Аргеадите (Бабино, Норово и други) или пак Антигонидите (Жван, Демир Капија и други). Секако дека котлињата можеле да бидат и општо користени од страна и на цивилното население. Меѓутоа, најголемиот број котлиња од овој тип што ги разгледавме, се откриени претежно во рамките на военостратегиски кастели и бази, што се датирани со монети на македонските кралеви датирани во периодот од 4-2 век пред н.е..
0 ден
Во текот на изминатите пет децении, на територијата на Република Македонија откриени се повеќе делови и мал број цели бронзени котли (λέβης). Бронзените котли биле користени за подготовка на течна храна, со загревање на оган. Биле поставани на триподи врз оган, или на венец од камења, наредени околу огнот.Ги користеле воглавно војниците, изложени на долги марширања.Типот котле што тука го претставуваме се состои од ниско цилиндрично тело со проширено дно и незначително проширен горен отвор. Редовно поседува две полукружни рачки што биле закачени за два носачи во форма на буквата Т.
Поврзани продукти
-
450 ден
Приказна што ќе ја скрши сечија рамнодушност. Колку треба да биде силна една мајка за да се соочи со неподносливата загуба?
-
0 ден
До Бирото за развој на образованието стигнаа многу предлози, а деновиве конечно е објавен новиот список.
-
126 ден
Итар Пејо — еден од најпознатите ликови во македонските народни приказни, кој е многу омилен меѓу младите читатели.
-
200 ден
Белото Циганче е роман за деца од македонскиот писател Видое Подгорец. За првпат, книгата била издадена во 1972 година. Исто така, таа била екранизирана од…