Menu Close

БОТАНИКА

ден

Растителниот свет е најдоминантен и исклучително важен елемент во човековата околина. Од најрани времиња растенијата се тесно поврзани со егзистенцијата на човекот.

Категорија: Ознака:

Науката чија цел е да ги објасни различните аспекти на животот на растенијата е токму ботаниката. Од самиот почеток до денес, ботаниката како наука постојано се развива. Како резултат на широкиот интерес и огромниот број сознанија со текот на времето, ботаниката се диференцирала на различни делови или дисциплини кои се развиваат како самостојни науки, со цел сеопфатно истражување на специфичностите на
растителниот свет. Основните ботанички дисциплини се: морфологија на растенијата, физиологија на растенијата, систематика на растенијата, екологија на растенијата и др.
Изборот на содржината на материјалот во овој учебник е направен според студиските програми на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Согласно истите, физиологијата и екологијата на растенијата се изучуваат како одделни предмети.
Оттаму, пристапот на овој учебник е задржан на анатомијата, морфологијата и систематиката на растенијата.

    Рецензии

    Сеуште нема препораки.

    Оценете го производот “БОТАНИКА”

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Translate »