Menu Close

Белото циганче

200 ден

Белото Циганче е роман за деца од македонскиот писател Видое Подгорец. За првпат, книгата била издадена во 1972 година. Исто така, таа била екранизирана од страна на Македонската Радио Телевизија

Нема на залиха

Во книгата се работи за едно дете, кое било оставено за време на војната во некое село. Додека бегале од окупаторот, група Роми го пронашле детето и го одгледале. Момчето се викало Таруно и немало никаква врска со Циганите, но научило да ги почитува нивните обичаи, научило како да преживее и да заработи за живот, плетејќи кошници. Неговите најдобри пријатели биле Насиха и Рапуш. Останатите луѓе не го поднесувале Таруно и го викале Белото Циганче. Таруно бил мирен и срамежлив, а неколкупати се обидел да им се спротистави на селските деца, но секогаш завршувал во небрано.

Таруно имал убав бел коњ по име Белка. Кога Белка се ождребила, таа родила црно ждребе, со бел белег на предната нога. Таруно го одгледал ждребето како негово и го нарекол Бреско. Кога Белка умрела, Бреско бил сѐ уште ждребе и сите изгубиле надеж дека ќе остане жив, но Таруно успеал да го одржи во живот. Неколкупати, Бреско бегал, но повторно се враќал назад. Некогаш го немало толку долго време, што Таруно плачел и жалел за него. Приказната за Белото циганче станува уште потрогателна со смртта на неговиот старател, Бабa Мулон, кој го одгледал како свое дете и му помогнал да стане добар, умен и со големо срце.

Рецензии

Сеуште нема препораки.

Оценете го производот “Белото циганче”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »