Збирката претставува извонредно крупен настан во културната и политичката историја на македонскиот народ и пошироко. Тоа е врвен дострел на Рациновото творештво. Дело неделиво од неговиот живот и неговото класно и национално определување. Дело со кое ги потврдува можностите за изразување и на најсуптилните чувства на јазикот кој бил забрануван и одрекуван. Творечки се потпира врз достоинството што ги носи македонското народно епско и лирско творештво збогатени со сопствен творечки однос. Се создава поезија изворна и своевидна, автентична и длабоко доживеана со јазик на убавината. Со полна поетска сугестивност и емотивност ги изразува црнилата на животот на македонскиот човек и вечните стремежи на човекот за подобар, поправичен свет, песни што ќе ги отворат прозорците за благороден културен натпревар со другите народи во светот. Со „Бели мугри“ се отворил пат на современата македонска литература и така Кочо Рацин станал еден од основоположниците на современата македонска книжевност.
Оценете го производот “Бели мугри” Откажи одговор
Related products
-
-
0 ден
ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / FREE DOWNLOAD
-
0 ден
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / FREE DOWNLOAD
-
Рецензии
Сеуште нема препораки.