Збирката претставува извонредно крупен настан во културната и политичката историја на македонскиот народ и пошироко. Тоа е врвен дострел на Рациновото творештво. Дело неделиво од неговиот живот и неговото класно и национално определување. Дело со кое ги потврдува можностите за изразување и на најсуптилните чувства на јазикот кој бил забрануван и одрекуван. Творечки се потпира врз достоинството што ги носи македонското народно епско и лирско творештво збогатени со сопствен творечки однос. Се создава поезија изворна и своевидна, автентична и длабоко доживеана со јазик на убавината. Со полна поетска сугестивност и емотивност ги изразува црнилата на животот на македонскиот човек и вечните стремежи на човекот за подобар, поправичен свет, песни што ќе ги отворат прозорците за благороден културен натпревар со другите народи во светот. Со „Бели мугри“ се отворил пат на современата македонска литература и така Кочо Рацин станал еден од основоположниците на современата македонска книжевност.
Оценете го производот “Бели мугри” Откажи одговор
Related products
-
550 ден
Сакаш ли да станеш вистински научник и да ги изненадиш своето семејство и пријателите? Тоа е главната намена на оваа книга. Ќе те води и…
-
230 ден
Во својата Автобиографија”, Прличев на показ го изнесува целиот свој животен пат, но во исто време ја опишува и општествената положба на својот народ, како…
-
88 ден
Ова е серија од пет наслови и тоа: Професии, На Фарма, Во училиште, Превозни средства и Места кои сакам да ги посетам. Тие претставуваат прекрасни…
-
95 ден
Облечете ги принцезите од бајките во најразлични фустани и забавувај се со часови со новите сликовници на ТОПЕР!
Рецензии
Сеуште нема препораки.