Menu Close

Белиот кловн

240 ден

Книгата „Белиот кловн“ од Дамир Милош, често наречена хрватскиот „Малиот принц“ ја има илустрирано Ловро Артуковиќ.Како и секоја добра книга за деца, и оваа е воедно книга и за возрасни.

Книгата „Белиот кловн“ од Дамир Милош, често наречена хрватскиот „Малиот принц“ ја има илустрирано Ловро Артуковиќ. Илустрациите се црно-бели зашто момчето од овој роман не разликува бои, а во решавањето на тој проблем му помага еден старец кого го сретнува во шума. Како и секоја добра книга за деца, и оваа е воедно книга и за возрасни. Тоа е приказна за еден подлабок далтонизам, далтонизам на секојдневието, за конформизмот на мислењето, површноста на нашите реакции. За кловнот, кој е успешен само кога е тажен и предизвикува чудење; зашто, да се зачудат луѓето стана неспоредливо потешко отколку да се предизвика нивната смеа. Слаѓана Буковац Момчето светот го набљудува со визура на сериозност и чудење, и единствено што може да види е потполно сивило: луѓето кои го изгубиле системот на вредности и, во брзаница да натрупаат што повеќе пари, забораваат на смеата, добрината, љубовта и убавината; гледаат сиви и валкани градски улици на кои немилосрдно брзаат безброј автомобили… А кога со помош на Старецот ја спознава сопствената боја, белата, бојата на детството и невиноста, Момчето во облека на кловн – потполно бел, само со сина солза на образот, си оди од циркусот, чекори низ светот, ги гледа луѓето и се чуди. А се зборува дека белиот кловн ќе оди низ светот сe додека околу него не живеат среќни луѓе. Кристина Петернаи Прочитајте ја книгата и поздравете го детето во себе. Вие како дете, со детето од приказната појдете, рака под рака, во потрага по своите бои и по оние луѓе кои ќе имаат време да ја побараат својата среќа. Потсетете се како се гледа со затворени очи, како се пронаоѓаат боите во она што е сиво. Андреа Хрибар

Please follow and like us:

    Reviews

    There are no reviews yet.

    Be the first to review “Белиот кловн”

    Your email address will not be published. Required fields are marked *

    Translate »