Menu Close

Бегалка

ден

Б Е Г А Л К А-Васил Иљоски-без најава, БЕСПЛАТНО – ТУКА

Бегалка (или „Ленче Кумановче“) е пиеса во пет чина од македонскиот драмски писател Васил Иљоски. Дејството се случува во првата деценија на ХХ век во Куманово и ги претставува патријархалните и конзервативни односи во семејствата во тој период.

 

Дејството во пиесата ја прикажува љубовта на убавата Ленче која била таксана за Досе, син на богат трговец. Но, таа била вљубена во младиот занаетчија Бошко. Тој бил убав и не и пречело што е сиромав. Бидејќи нејзиниот татко, Аџи-Трајко, се спротивставувал на нејзината желба, таа одлучила како бегалка да живее со Бошко. Таткото бил скршен, немоќен и чувствувал голем срам и бес затоа што бил погазен неговиот збор и токму поради тоа се плашел да прости. Во тоа време била голема срамота мома да се мажи на своја рака. Сепак, прочуениот чорбаџија Аџи-Трајко, за ја одбрани честа на ќерка му и да го спаси семејството, по многу негодувања, на крајот морал да ја прифати љубовта на Ленче кон Бошко.

Приказот на темата во пиесата преку градбата на драмското дејство со постојана испреплетеност на настани, кои се движат од комични кон трагични и обратно, овозможува таа да е актуелна и денес.

 

Рецензии

Сеуште нема препораки.

Оценете го производот “Бегалка”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »