Социјалните алгоритми можат да ни станат видливи доколку историјата ја гледаме преку призмата на „нееднаквиот развој“ и судирот на традициите: „традиционалните форми на патриархалното семејство (катун и повеќегенерациско домаќинство) се повеќе се распаѓале – но не и во Македонија и помеѓу муслиманското население – а паричното стопанство се повеќе продирало во земјоделството. Татковците веќе неможеле да заповедаат на ист начин, а одностите помеѓу младите мажи и жени рапидно се променувале и станувале послободни. Жените од селата ја губеле реалната заштита на патријархалните обичаи и се нашле меѓу патријалхален правен поредок од една страна, и неограничената слобода за експоатација од пазарот на друга страна. Трендовите на вработување на женска работна сила (…) биле условени не само од смртта на машкото население во Првата Светска војна, туку и од наглите демографски промени предизвикани од истата (…)
БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМИ / FREE DOWNLOAD
Reviews
There are no reviews yet.