Menu Close

„Насон прочитана книга“ од Соња Манџук е прв добитник на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината

Пегаз награда

Ракописот со наслов „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук е победник на првото издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината. На конкурсот пристигнале 77 ракописи. Победничкиот роман ќе биде промовиран на посебна свеченост до крајот на годината.

Напишан во манирот на постмонернистичките книжевни практики, „Насон прочитана книга“ претставува онирачна авантура чиешто поаѓалиште е една библиотека, како онаа добропознатата на Борхес, инаку во неговиот „поимник“ дефинирана како веслена, се вели во образложението на комисијата.

Манџук изјави дека двапати досега преку издавачи го понудила на отворениот конкурс, но романот бил одбиен од Министеството за култура.

Се откажав и од идејата сама да ја издадам „Насон прочитана книга“. Кога се појави конкурсот на „Арс Ламина“ ми се виде како интересна можност тука да го понудам ракописот. Сега ми е драго што поради оваа награда, ракописот конечно ќе биде објавен, изјави Манџук.

Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90 илјади денари и објавување на романот во посебна едиција. Ракописите што беа позитивно оценети исто така ќе добијат можност да бидат објавени од издавачот „Арс Ламина“. Во најтесниот избор влегоа и романите „Курвински хроники“ од Алек Русјаков, „Скриени желби, немирни животи“ од Владимир Јанковски, „Денот кога не се разбудив“ од Моџо Клингтон, „Бричење петли“ од Владо Димовски и „Егеец“ од Владимир Плавевски кои ќе имаат можност да бидат објавени од „Арс Ламина“.

Одѕивот на првиот конкурс за наградата „Пегаз“ ги надмина нашите очекувања. Тоа имплицира дека во нашата земја се повеќе се чита, зашто едното со другото одат рака под рака – рече Бисера Бендевска од „Арс Ламина“.

За победникот одлучи тричлена комисија во состав Димитар Башевси (писател и издавач), Иван Шопов (писател) и Бисера Бендевска (уредничка во „Арс Ламина“).

Наградата ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, со поддршка на Министеството за култура.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »