Menu Close

Македонска крвава свадба

Филм

СО ДИГИТАЛНА РЕСТАВРАЦИЈА НА ФИЛМОТ МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА
КИНОТЕКАТА ПО ПЕТТИ ПАТ E ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИОТ ПРОЕКТ „СЕЗОНА НА ФИЛМСКИ КЛАСИЦИ“

На 78. Филмски фестивал во Кан, Асоцијацијата на европски кинотеки (ACE) ја претстави шестата сезона на проектот „Сезона на филмски класици“, филмска програма која промовира европско филмско наследство преку бесплатни проекции во кино салите ширум Европа и онлајн.
Оваа година, за македонската и светската публика ќе биде прикажан култниот филм МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА (режија: Трајче Попов, 1967), во нова дигитално реставрирана копија. Оваа македонска филмска класика е базирана на истоимената драма од Војдан Чернодрински, и претставува трогателна приказна за борбата за слобода, достоинство и национален идентитет во времето на османлиската власт.
Повеќе инфо на @kinoteka.mk и @acefilmeu

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »