Откако постои човекот постојат болести и начини тие да се совладаат и да се спречат. Откако постои човекот постојат и војните, тие несреќи на човечкиот род. Тие извори на гнев и омраза, на крвна освета, на меѓусебно убивање за територија, за храна, за надмоќ, присутни се и сега. Изумреле цивилизации, народи, луѓе од сите раси. Врие котелот. Се претураат мртви од планинските врвови до морските дна. Природата го прави своето, човекот уште повеќе. Пукнува меур од космосот. Сите се научиле како да убиваат а не како да лечат.
Ги нема тие среќни времиња, боговите се умориле или не напуштиле. Медицината не е толку силна, клинка, се враќа во древноста, користи алтернатива. Во Македонија преживеале читачи на хороскопи, билкари, гледачи, бајачи, претскажувачи на судбината, луѓе со способност за пренесување на космичката енергија како во древните времиња на светите Врачи. Кај истите луѓе се здружиле и медицинските знаења. Кај предисторискиот човек најдени се траги од лечење на забите, бушење на черепот, ампутации на екстремитетите и соодветни инструменти за тие интервенции. Познавањето на анатомијата и лекувањето било на високо ниво во склад со филозофското и научното знаење. Влажните грнци фаќале мувла, пеницилин. Кората од бреза ја користеле како аспирин. Опиумот, не само што ги ублажувал болките туку бил симбол на премин од свест кон несвесното, умирањето. Затоа теракотните чушки ги наоѓаме по археолошките ископини во гробовите, да го чуваат мирот, но и по фреските на повеќе македонски манастири.
Опиумот благо го опивал умот и при породувањето. Во енциклопедија пишува дека опиумот или макот од Македонија бил најквалитетен во светот. Кога веќе имаме толку докази за неговата употреба во медицината од древноста, како можеме да веруваме дека опиумот во Македонија го донеле Турците. Да не било обратно? Да не го однела фалангата македонскиот опиум во Индија? Медицината, од Македонија патувала на исток со Аргонаутите и со Динос и со Александровите царски лекари кои биле составен дел од фалангата и станале составен дел од македонската наука во медицината што се ширела по светот. Во Вавилон и од Египет до Тибет се чувствува македонско влијание во медицината и уште повеќе во Европа до XVIII в. кога од манастирите излегла науката од стегите на сколастиката и почнале да се прават болници какви што биле Асклепијадите низ македонските царски градови во древнина. Болестите кај сите луѓе и на сите континенти се исти, секоја новина брзо се прифаќала. Светската медицина и се оддолжила на македонската наука со прифаќање на многу македонски обележја. Особено на фармацевтскиот знак на змијата свиткана на стапот на Асклепио и медицинската заклетва на Хипократ што ја напишал во дворот на македонските цареви како царски лекар. Хипократовата заклетва се проширила по светот од фамилијата на Хипократ, синот Тесал, Дракон и зетот Полиб, сите царски лекари во фалангата. Како што и Асклепио со фамилијата, така и Хипократ ја зацврсти медицинската заклетва, двеипол илјади години во употреба низ целиот свет.
Тоа што е Аристотел за науките и филозофијата истото тоа е Хипократ за медицината. Тоа што Аристотел како припадник на лекарска фамилија го направил за медицината, исто толку Хипократ опкружен со многу научници има заслуга и за филозофијата. Сите големи луѓе, во било која епоха се надополнуваат за поголем успех на научните постигнувања. Така безброј славни луѓе соработувале и со Аристотел и со Хипократ. Уште помногубројни се тие што си го нашле местото во Александрија, научен трезор на македонската култура, поддржана од Македонската царска династија на Птоломеи цели триста години.
МАКЕДОНСКА ДРЕВНА МЕДИЦИНА Скопје, Македонија, 2005 книга 20