Рецензија на романот ,,Идиот” од Фјодор Михајлович Достоевски
,,Убавината ќе го спаси светот” – Фјодор Михајлович Достоевски
Дали сеуште постојат вакви идиоти?!.
,,Идиот” е роман кој е едно од најдобрите дела на руската книжевност и класик кој припаѓа на европскиот и руски реализам.
Како што знаеме во романите на Достоевски секогаш преовладуваат животописни ликови кои водат свои психолошки конфликти со себе и со останатиот свет.Така и овој роман изобилува со луѓе кои се слика на модерното општество некогаш но и сега.На средиштето на еден изопачен материјалистички свет во кој што функционира интересот и парите ,суровоста и неморалот се наоѓа и скромниот кнез Мишкин.
Мишкин е одлика на скромен и добар човек налик на Исус,иако се бори со сопствените маки и болест(крст) кој го носи тој светот го гледа со убави очи и ја гледа внатрешноста на човекот неговата душа а не физичкиот изглед и останатите надворешни фактори кои другите ликови и луѓе воопшто ги забележуваат.Мишкин несомненое најпозитивниот лик кој го создал Достоевски од сите негови ликови во сите романи.Токму поради наивноста и добродушноста во очите на другите тој е ,,идиот”.Тој е човек кој секого сака и во секого гледа убавина и секој човек гледа нешто добро..Како што е примерот со Настасја и Аглаја,тој ги сака и двете. Настасја ја сака од сожалување поради навредите и омаловажувањата од другите а Аглаја ја сака поради страст.Поради тоа другите се прашуваат како тој може и двете да ги сака каква е таа љубов?!.Нарекувајќи го идиот.Меѓутоа Мишкин во сите ликови со кои се среќава приоѓа со разбирање.Сите ликови во романот освен Мишкин се свесни за нивната длабока несреќа и малодушност.Освен богатство и парите тие не гледаат ништо друго т.с немаат што да понудат бидејќи знаат дека нивната душа и она што е внатрешна убавина одамна им изумрела. И Рогожин и секретарот Гања во него гледаат конкуренција поради тоа што Мишкин го сакаат и Настасја и Аглаја меѓутоа и тие се свесни дека не се доволно достојни на неговата душа,свест мудрост, нежност и човечност.
Во еден момент Рогожин ќе се обиде да го убие кнезот Мишкин меѓутоа Мишкин добива епилептичен напад.И во овој случај се гледа добродушноста на Мишкин тој го разбира Рогожин за неговата намера и не го осудува ниту му возвраќа.
Рогожин и Гања не ги сакаат Настасја и Аглаја поради нивната внатрешност и душа и не ги перцепираат на начин на кој што ги забележува Мишкин туку низ призмата на парите и интересот.Рогожин ја сака Настасја поради миразот кој го дава за неа нејзиниот штитеник Афанасиј Тоцки,додека Гања ја сака Аглаја поради богатството и социјални придобивки бидејќи таа е една од трите ќерки на моќниот Афансиј Тоцки.Аглаја го сака толку многу Мишкин фасцинирана од неговата несебичност и добрина вели – тој е совршен маж.Меѓутоа и покрај огромната страст и љубов што ја чувствува кон Аглаја Мишкин повторно со големо сочувство ја избира Настасја меѓутоа на денот на свадбата таа бега од страв од љубов се смета недостојна бидејќи знае дека Мишкин е наивен и добар го повикува Рогожин.Нејзината судбина се окончува со смрт,Рогожин ја убива Настасја.Мишкин на крај си заминува од Русија повторно во Швајцарија доживувајќи голем лом и тага од светот кој го опкружува.Сите ликови од овој роман се уништуваат самите себе,бегајќи од себе, љубовта и добрината.Мишкин е единствена светла и позитивна точка дека доброто секогаш победува а борбата меѓу доброто и злото е вечна и треба да се истрае.Како и во романот така и во животот постојат сеуште невидливи херои – општествено наречени ,,идиоти” кои се борат со светот и општеството кое е корумпирано, полно со зло и завист.Времето и општеството во кое живеел и за кое пишувал Достоевски гледаме дека воопшто не се изменило. Оваа вечна тема останува да се преиспитува и да се пишува и денеска кога за жал се помалку има добри луѓе и нивната убавина и добрина е уништена од самите општествени ситуации.
Сепак на крај како што и нашиот јунак кажува –,, Убавината ќе го спаси светот”.Треба да бидеме секогаш позитивни и кај секого да наидеме на разбирање ,нежност и да гледаме добро дури и кај оние кој ни го посакуваат најголемото зло.
Автор: Јована Анастасијевска