Menu Close

Заштита на лични податоци

Заштита на лични податоци

Приложената политика за заштита на лични податоци објаснува како ги користиме вашите лични податоци генерирани на оваа страна. Со политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Политиката за заштита на лични податоци се однесува за веб сајтотовите www.abvedit.com и www.abvedit.mk . Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени и се појавува на дното од страната. Објавите во политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана. Притоа, ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе го посетувате нашиот веб сајт со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на вашите лични податоци. Прибирањето на личните податоци на овој веб сајт е во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Забелешка: долунаведените објави во оваа политика за заштита на лични податоци се однесуваат само за овој веб сајт. Доколку се поврзувате со други веб сајтови, потребно е да ги разгледате и прочитате политиките за заштита на личните податоци објавени на истите.

Собирање на информации

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: име, презиме, адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се достави направената нарачка до крајниот корисник. Овие информации ќе се користат единствено за цел исполнување на нарачките, освен доколку не ни обезбедите дозвола да ги користиме за друга цел, на пример да ве додадеме на нашата мејлинг листа. Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат.

Употреба на веб сајтот од страна на малолетни лица

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. www.abvedit.com и www.abvedit.mk никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.

Информации за политиката за заштита на личните податоци

Доколку сакате да поставите прашање или да испратите коментар кон нашата политика за заштита на личните податоци, истото можете да го сторите, користејќи ги следните информации: Е-маил: info@abvedit.com На ваше барање, во рок од 15 дена ќе бидете информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на веб сајтовите www.abvedit.com и www.abvedit.mk. Субјектите ќе бидат информирани за постоење на правото на пристап и исправка на нивните лични податоци.

Објава за промени

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци тие ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страна и на други места за кои сметаме дека се соодветни. Последна промена: април 2019

Заштита на Вашата сметка

Вашата лозинка е клучот од Вашата сметка. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам. Доколку Вашето корисничко име е идентично со Вашата лозинка, возможно е лесно користење на вашиот идентитет за најава во системот. Користете броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте вашата лозинка од оваа веб страна никому. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз Вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности направени во Ваше име. Заради тоа, доколку Вашата лозинка е компромитирана од која било причина, веднаш известете нè и направете промена на лозинката.

„Cookies“/Технологија на следење

Овој веб сајт може да употребува „колачиња“ (cookies) и технологија на следење во зависност од понудените форми. „Cookies“ и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб сајтот и употреба на веб сајтот од страна на посетителите. „Cookies“ исто така придонесуваат кон подобрување на веб сајтот и негово прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку „Cookies “.

Давање на лични податоци на користење

Само врз законска основа, вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Имено, станува збор за следните можни ситуации:
Дозвола побарана со Закон;
Заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција;
Истрага на измама која веќе се случила.

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имаат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземаат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »