Menu Close

ПРА­ША­ЊЕ­ТО “ЧИ­ЈА СИ?” 40 ГО­ДИ­НИ ЧЕ­КА ОД­ГО­ВОР

“Чи­ја си, чи­ја си, чи­ја си, и кој ти га­ли дол­ги ко­си…” Тој му­зич­ко-тек­сто­вен евер­грин ве­ќе со де­це­нии вла­дее со на­ша­та за­бав­на му­зи­ка. Се пее од кан­тав­то­рот, не­за­мен­ли­ви­от Сла­ве Ди­мит­ров, но се сви­ри и во но­ви аран­жма­ни. Ме­ѓу­тоа, ако по­че­то­кот се знае, сe уш­те не се гле­да кра­јот – од­го­во­рот. Чи­ја си?

Тоа е им­по­зан­тен, за­ше­ме­ту­вач­ки си­лен, не­о­до­лив спој на му­зи­ка и текст полн со тре­пе­ти и жар. И ни­кој кој ја слу­ша или пот­пев­ну­ва, не е ин­ди­фе­рен­тен, без емо­ции и се­ќа­ва­ња на неј­зи­но­то по­ја­ву­ва­ње. А таа му­зи­ка, сил­на ка­ко и збо­ро­ви­те, го на­те­раа Сла­ве Ди­мит­ров и сам да ја ис­пее, прв пат во 1971 го­ди­на на Скоп­ски­от фес­ти­вал. Ја ис­пеа ка­ко сe уш­те ни­кој друг, ос­вен, мо­же­би, со­ло-ви­о­ли­на­та.

Ав­тор на ле­ген­дар­ни­от текст за “Чи­ја си” е мо­јот со­у­че­ник Бла­гој Сте­фа­нов­ски – Бла­гој­че, еден од ге­не­ра­ци­ја­та ма­ту­ран­ти 1948-49 во Маш­ка­та гим­на­зи­ја “Цве­тан Ди­мов” во Скоп­је.

Има про­фе­сии во кои та­лен­ти­ра­ни­те до­а­ѓа­ат до полн из­раз, про­фе­сии поз­на­ти ка­ко неш­то “обич­но”. Но има и так­ви, кои ка­ко да се под­затс­кри­е­ни, не кои не им обр­ну­ва­ме до­вол­но вни­ма­ние и во нив та­лен­ти­те си ос­та­ну­ва­ат во сен­ка. Так­ва е про­фе­си­ја­та да се пи­шу­ва­ат тек­сто­ви за за­бав­на му­зи­ка. Тие тек­сто­пис­ци тре­ба да се и му­зич­ки об­ра­зо­ва­ни, да ја поз­на­ва­ат му­зи­ка­та и да ги от­кри­ва­ат неј­зи­ни­те тај­ни жел­би и да ги чи­та­ат. Овие спо­соб­нос­ти ги има­ше Бла­гој­че. Тој уш­те во пр­ви­те кла­со­ви на гим­на­зи­ја­та го по­ка­жа сво­јот та­лент, учес­тву­вај­ќи во гим­на­зис­ки­от вес­ник (Бил­тен – Гим­на­зи­ја­лец). Об­ја­ву­ва­ше фељ­то­ни, пес­ни, ду­ри и по­доц­на, ка­ко сту­дент, ка­ко уред­ник на прог­ра­ма­та на Ра­дио Скоп­је и ав­тор на број­ни еми­сии. Тој на­по­ред­но со ре­дов­на­та ра­бо­та со­ра­бо­ту­ва­ше со мно­гу ком­по­зи­то­ри на за­бав­ни ме­ло­дии пи­шу­вај­ќи им тек­сто­ви. Го­ле­ма е број­ка­та на тие ком­по­зи­то­ри, ду­ри и пре­ку 50. Ме­ѓу нив се и ими­ња­та на Дра­ган Ѓа­ко­нов­ски – Шпа­то, Алек­сан­дар Џам­ба­зов, Ди­ми­тар Ма­сев­ски, Сла­ве Ди­мит­ров, Љу­бо­мир Бран­ѓо­ли­ца, Ја­не Ко­џо­ба­ши­ја и дру­ги.

Бла­гој Сте­фа­нов­ски – Бла­гој­че (пр­ви­от од ле­во) со Сла­ве Ди­мит­ров во 1971 во сту­ди­о­то на Ра­дио Скоп­је ка­де е сни­ме­на “Чи­ја си”

Ин­те­рес­на е со­ра­бот­ка­та со Сла­ве Ди­мит­ров.

“Му­зи­ка­та за “Чи­ја си” е ком­по­ни­ра­на во те­кот на 1969 го­ди­на во Би­то­ла, а тек­стот и аран­жма­нот на му­зи­ка­та се соз­да­де­ни во Скоп­је во 1971″, ве­ли Сла­ве Ди­мит­ров за сво­јот хит. “‘Чи­ја си’ е за прв пат јав­но об­ја­ве­на на Фес­ти­ва­лот на за­бав­ни ме­ло­дии Скоп­је 71, а е из­ве­де­на во две вер­зии, пра­ва­та во мо­ја во­кал­на ин­тер­пре­та­ци­ја а вто­ра­та во во­кал­на ин­тер­пре­та­ци­ја на Кру­нос­лав Ки­ќо Сла­би­нац, ка­де бе­ше наг­ра­де­на со вто­ра наг­ра­да на пуб­ли­ка­та”, рас­ка­жу­ва Сла­ве.

Сла­ве на­пи­шал ком­по­зи­ци­ја, но без име. Таа сто­е­ла во фи­о­ка две го­ди­ни. Еден ден Сла­ве му ја от­сви­рил на Бла­гој­че и тој се за­фа­ќа да на­пи­ше текст. Би­деј­ќи би­ла без­и­ме­на, тре­ба­ло да се нај­де клу­чот, да се от­кри­јат тај­ни­те на но­ти­те. И Бла­гој­че ја по­чувс­тву­вал со­др­жи­на­та ко­ја го но­се­ла пра­ша­ње­то: “Чи­ја си?” По­тоа ве­ќе би­ло по­лес­но да го сос­та­ви тек­стот. Тој текст лег­нал на но­ти­те, та­ка што ста­на­ло не­воз­мож­но таа ме­ло­ди­ја да има друг текст. На тој на­чин ме­ло­ди­ја­та и тек­стот ста­на­ле не­раз­дел­ни: ни­ти ме­ло­ди­ја­та мо­же­ла да жи­вее са­ма, ни­ту тек­стот да прет­ста­ву­ва сам неш­то осо­бе­но. Но за­ед­но, ка­ко не­ко­ја ле­гу­ра, пес­на­та на­ре­че­на “Чи­ја си” прет­ста­ву­ва­ла еле­мент со сил­на спе­ци­фич­на те­жи­на.

Неј­зи­на­та пра­из­вед­ба на Скоп­ски­от фес­ти­вал во 1971 го­ди­на во ис­пол­не­ние на Сла­ве Ди­мит­ров е наг­ра­де­на, но не од струч­но­то жи­ри, ту­ку од пуб­ли­ка­та. Жи­ри­то по­ка­жа­ло му­зич­ки дал­то­ни­зам. От­то­гаш “Чи­ја си” ста­ну­ва хит. Се ис­пол­ну­ва и во дру­ги аран­жма­ни, но пра­из­вед­ба­та си ос­та­ну­ва нај­вер­на и на фор­ма­та и на со­др­жи­на­та.

Чи­нам де­ка во оваа пес­на има неш­то што пот­се­ту­ва на “Бо­ле­ро” од Мо­рис Ра­вел – тра­ги­ка, на ед­на слат­ка за­мо­ре­ност ко­ја пот­се­ту­ва на поз­на­та­та пес­на од Бла­же Ко­не­ски “Уба­ви­но, ти ме за­мо­ру­ваш ве­ќе”, а уш­те по­ве­ќе по чувс­тво­то на тај­но­ви­тост, за­гат­ли­вост, как­ва што ја има во поз­на­ти­от пор­трет на “Мо­на Ли­за” од Да Вин­чи. Таа дис­крет­на нас­мев­ка е веч­но не­од­гат­ли­ва. “Чи­ја си” е му­зич­ко-тек­стов­на ком­по­зи­ци­ја бо­га­та со сво­јот ко­ло­рит, топ­ли то­но­ви, а сре­де тоа и де­вој­ка­та, не­вид­ли­ва, со сво­ја­та уба­ви­на, дол­ги­те ко­си, ко­ја не да­ва од­го­вор на мно­гу пра­ша­ња: чи­ја е, кој ги га­ли неј­зи­ни­те ко­си, ка­ко $ е име­то? Сe ос­та­ну­ва тај­на, веч­на. Тоа ја пра­ви пес­на­та по­себ­на, пре­диз­вик­ли­ва, пос­то­ја­но да се пее, сви­ри, слу­ша.

Тој пре­диз­вик трае ве­ќе ре­чи­си че­ти­ри­е­сет го­ди­ни. Че­ти­ри ге­не­ра­ции ја но­сат во се­бе, а и дру­ги­те кои на­и­ду­ва­ат. Пос­то­ја­но ја ак­ту­е­ли­зи­ра­ат и таа про­дол­жу­ва да жи­вее и на­та­му. “Чи­ја си” ве­ќе не е са­мо евер­грин, ту­ку, под сил­на­та им­пре­си­ја на ме­ло­ди­ја­та а и тек­стот, од пред де­це­нии, таа се пре­то­чи во драм­ски текст, на ав­то­рот Са­шо На­сев. Тој текст, од пре­ми­е­ра­та на 09.02.1999 го­ди­на на сце­на­та на Драм­ски те­а­тар, за са­мо пр­ви­те се­дум ме­се­ци е из­ве­ден 50 па­ти, се­ко­гаш пред рас­про­да­ден са­лон. Во таа пи­е­са “Чи­ја си” се пее од Игор Џам­ба­зов, се­дум па­ти. А, тој, сед­ми­от пат, со кој и за­вр­шу­ва прет­ста­ва­та, е сил­но тра­ги­чен. Во “МИ – АН-ова­та” ен­цик­ло­пе­ди­ја пес­на­та “Чи­ја си” е прог­ла­се­на за Пес­на на ве­кот (два­е­сет­ти­от) во 1999 го­ди­на. Мо­же­би, еден ден, ќе се ро­ди и опе­ра или ба­лет. За­ви­си ко­го ќе го фа­ти епи­де­ми­ја­та на нос­тал­ги­ја.

На ав­то­рот на тек­стот на “Чи­ја си” – Бла­го­ја Сте­фа­нов­ски, од 1971 го­ди­на па се до 1993 го­ди­на, на си­те скоп­ски фес­ти­ва­ли, наг­ра­ду­ва­ни му се си­те тек­сто­ви, без ис­клу­чок. Има на­пи­ша­но пре­ку 600 тек­сто­ви, од кои 210 се во фо­но­те­ка­та на МРТВ и се пуш­та­ат во ете­рот. За жал, Бла­гој­че ве­ќе не е ме­ѓу жи­ви­те но ос­та­ну­ва­ат не­го­ви­те де­ла.

“Чи­ја си” и на­та­му тра­га по сво­и­те од­го­во­ри. Мо­же­би да­ма­та – уба­ви­ца­та, се­пак ќе про­го­во­ри. Но, еден од­го­вор ка­ко да се слу­ша: “Чи­ја си? – На тој сум, ко­го јас го љу­бам”.

Ристо Ќортошев , весник Вест 2009 г.

 

Славе Димитров Чија си Lyrics

Има еден дом сред жолто лисје

стан е тој во сите мисли

покрив тој е твој и кошмар тој е мој

редок миг пред куќен праг

скриен поглед толку драг, ко бој

Секој ден си ти под иста стреа

гулабец во лет во воздух смеа

Ладна како лед па бујна како цвет

стојам долго долго јас

гледам чудно и без глас ко нем

реф:

Чија си, на кого радост ти му носиш

ѕвезда си, во некој облак како плам

чија си, и кој ти гали долги коси

свет си мој, а ниту име не ти знам

Има еден ден што не се зори

скриен е тој во сказни гори

мора да си ти од небо еден дел

еден допир толку мал

еден бакнеж сосем мал, а врел

 

publicitet.mk

Please follow and like us:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *