Menu Close

Рецензија на книга: ‘Covid-19’ од Дебора Мек Кензи

 

Во една од првите книги за Ковид-19, новинарката МекКензи убедливо тврди дека светот е несреќно неподготвен за пандемијата за која беше предупредено дека доаѓа, и многу пати повторувано.

Колку една книга може да ви каже за пандемија кога сме сеуште среде неа, со знаење за вирусот, болеста што ја предизвикува и неговите афтер-ефекти кои се создаваат од ден на ден? Како што се испостави, повеќе е и од доволно за да се оправда нејзиното објавување.

„Ковид-19: Пандемијата што никогаш не требаше да се случи и како да се запре следната“ (The Bridge Street Press, £18.99, ISBN 9780349128351) избегнува да ги префрлува сите обвинувања на одредена партија или да ги прибележува предвидувањата за тоа како ќе се одигра пандемијата.
Наместо тоа, стручно раскажува за изминатите неколку децении на вирусни епидемии, како коронавирусот ја предизвика најлошата пандемија во еден век, без разлика дали ќе бидеме покосени од некоја друга во иднина (спојлер: ние ќе ) и што владите мора да направат како подготовка кога ќе дојде тоа време.

Иако многу од заклучоците за „Ковид-19“ се непознаница за сите што ги следат вестите, МекКензи го подготвува читателот со далеку потемелно разбирање за Ковид-19 и други болести кои се појавуваат отколку што може да се соберат во содржините на вестите. Восхитувачки, таа го прави ова на помалку од 250 страници.

Главната порака на „Ковид-19“ е дека повеќето земји (вклучувајќи ја и Велика Британија) биле скандалозно лошо подготвени за вирус со пандемски потенцијал. Се чини дека ова очигледно било болно за секого во заедницата за новоразвиени болести.

„Единственото вистинско изненадување кога конечно не снајде Ковид-19 беше обемот со кој повеќето влади едноставно не ги слушаа предупредувањата“, пишува МекКензи. Владите беа предупредени – на панел дискусија на ООН на високо ниво беше кажано во 2016 година дека светот го потценува ризикот од нешто како вирулентен респираторен патоген – и кога конечно се појави тој вирулентен респираторен патоген, многумина продолжија да ги занемаруваат подготовките.

МекКензи пишува со авторитет, јасност и прецизна количина на детали за љубопитниот небиолог. Особено фасцинантно е долготрајното истражување на зоонози кај лилјаците . И покрај честите шеги со „супа од лилјак“ кои се одговорни за пандемијата на коронавирусите, многу е тешко да се фати вирус од лилјак. Многу луѓе редовно консумираат лилјаци без да се разболат. Потребна е сериозна посветеност за да се зафати вирус од лилјак, со една можна рута преку која вирусот Ковид-19 можеби се префрлил кај луѓето, користејќи измет од лилјак во капки за очи како традиционален лек.

Чудната реалност што ја живееме ќе се раскажува повторно и повторно во годините што доаѓаат. „Ковид-19“ можеби е напишан и објавен брзо, но запознавањето на МекКензи со новоразвиените болести и нејзиниот јасен фокус на контекстот на пандемијата значи дека не се чувствува слабо или опортунистички.

Веројатно не е книга што некој ќе ја чита за пет години за да разбере како се одвивала пандемијата – и Мекензи не се преправа дека таа тоа и ќе биде – но секако е одличен извор на информации за контекстуализирање на пандемијата во моментов.

 

 

Please follow and like us:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »