Menu Close

Проекција на филм “Реквием за американскиот сон”

🎬Со задоволство ја најавуваме проекцијата на документарниот филм со политичкиот филозоф, активист и лингвист, еден од најголемите интелектуалци на денешницата, Ноам Чомски, „Реквием за американскиот сон“ во превод на студентите учесници во Програмата за менторство на ЗПРМ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје ✔️.
Настанот ќе се одржи на 31 октомври 2020 г. (сабота) со почеток во 18:30 ч. на Зум. Филмот трае 73 мин., а по проекцијата ќе следува дискусија за тематиката на филмот и процесот на преведување во која ќе учествуваат студентите кои работеа на титлувањето на филмот и нивниот ментор, Мартин Трајановски, како и Атила Пирот, преведувач на филмот и истоимената книга на унгарски јазик👨‍💻.
Филмот ја разработува темата за социјалната нееднаквост во САД и нејзиниот разорен ефект врз демократијата низ призмата на 10-те начела на концентрација на богатство и моќ. Критичкиот осврт на Чомски врз идеологијата и механизмите на неолиберализмот е провокативен, но истовремено и инспиративен.
Ги покануваме сите преведувачи, љубители на преведувањето/титлувањето, обожаватели на документарниот филм, како и сите кои се заинтересирани за тематиката на којашто е посветен филмот да ни се придружат на настанот! Учеството е бесплатно 🎁.

o

https://fb.me/e/3BsGQ9WhF

 

Please follow and like us:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »